„Мак експрес“ набави 30 половни автобуси, кои периодично ќе се пуштаат во сообраќај и ќе возат на линиите 9, 19, 22, 23, 52 и 54.
Станува збор за возила увезени од Германија, а се од марката „ман“, „мерцедес“ и „неоплан“, со просечна старост до 10 до 13 години. Со ова Макекспрес го зголеми возниот парк за 30 отсто
Доколку се продолжи рокот за увоз на половни возила, Макекспрес ќе го зголеми бројот на автобуси за уште 30 отсто.
Увезените возила се солидни и имаат мотори евро 2, евро 3 и евро 4.
На некои од нив има рампи за пристап на лица со инвалидски колички и на мајки со колички за деца. |